Вовед во е-пошта

Научете што е е-пошта и како функционира и дознајте неколку совети за другите намени на вашата адреса на е-пошта.

Е-пошта е услуга за размена на пораки преку интернет што личи на комбинација од праќање телеграма и поштенско писмо:

  • е-поштата е бесплатна
  • ви треба врска со интернет
  • е-поштата троши многу малку податоци
  • ви треба пакет со податоци за домот или пакет за интернет на мобилниот уред за да користите е-пошта
  • можете да пристапите до е-пошта преку адреса на е-пошта и силна лозинка
  • можете да користите адреса на е-пошта за да се најавите на електронски услуги и како ваш главен електронски идентитет.
Е-пораки
Измамниците може да направат една е-порака да изгледа вистинска. Отворајте е-пораки само од лица во кои имате доверба и бришете ги е-пораките што изгледаат сомнително. Вашата банка и Австралиската влада никогаш нема да ви ја побараат лозинката или личните податоци преку е-пошта.

Е-пораките се праќаат и примаат преку услуга

За да користите е-пошта треба да изберете услуга за е-пошта. Таквите услуги може да бидат бесплатни или имаат опции со плаќање со повеќе функции. Некои популарни бесплатни услуги се Gmail (од Google), Outlook (од Microsoft) и Yahoo Mail.

Што е адреса на е-пошта?

Адресата на е-пошта се состои од корисничко име, специјалниот знак @ (што се изговара како at) и името на услугата за е-пошта како што е gmail.com или yahoo.com. На пример: james@tada.com.au

Адресата на е-пошта не разликува мали и големи букви, но мора да биде напишана точно:

  • JAMES@tada.com.au и james@tada.com.au се две исти адреси на е-пошта, но jame@tada.com.au е грешна.
  • кога кликнувате на Испрати (Send) во вашата услуга за е-пошта, е-пораката ќе се испрати на саканата адреса преку интернет.

Кога праќате е-порака, таа се пренесува трајно на адресата на е-пошта на примателот. Не е можно да се поврати е-порака што се испорачала.

Некои важи услови и функции на е-поштата

Сите услуги за е-пошта ги користат следните услови, само со мали варијации и разлики:

  • Поштенско сандаче (Mailbox): тука се складираат сите е-пораки и пристапувате до нив со адреса на е-пошта и лозинка
  • Папка (Folder): понекогаш наречена и Етикета (Label) претставува дел од вашето поштенско сандаче во којашто можете да ја организирате вашата е-пошта
  • Дојдовно сандаче (Inbox): специјална папка во која ги гледате новите и непрочитаните е-пораки
  • папка Испратени (Sent Folder): кога праќате е-порака, една копија од таа порака се става во оваа папка како ваша референција
  • Избришани ставки (Deleted Items): понекогаш наречени Ѓубре (Trash) или Корпа за отпадоци (Bin) и таму одат избришаните е-пораки
  • Од (From): се појавува во горниот дел на е-пораката за да покаже кој ви ја пратил
  • До (To): му покажува на примателот кој му ја пратил е-пораката
  • Состави (Compose): понекогаш наречено и Нова е-пошта (New Email) е копче во вашата услуга за е-пошта што го кликнувате за да почнете да пишувате нова е-порака
  • Одговори (Reply): кликнете на ова за да одговорите на е-пошта
  • Препрати (Forward): понекогаш напишано и како Fwd ви овозможува да му препратите една е-порака на друго лице
  • Цц (CC): или скратено за Копија (Carbon Copy), се употребува кога ставате повеќе адреси во полето До за да пратите истовремено е-порака кај повеќе лица
  • Бцц (BCC): или скратено за Скриена копија (Blind Carbon Copy), се употребува за да ги скрие адресите на е-пошта и лицата да не можат да видат кому друг сте ја пратиле таа порака
  • Спам-порака (Spam): понекогаш наречена и Ѓубре (Junk email), претставува една несакана порака, вообичаено реклама. Вашата услуга за е-пошта ќе ги сортира несаканите пораки во папката за спам-пораки, за да можете да ги игнорирате. Најбезбедно е никогаш да не отворате спам-пораки и никогаш да не ги препраќате кај други лица.

Како да прегледувате е-пошта на компјутер

За да бидете во тек со е-пораките или за да пратите нова е-порака:

  1. најавете се на вашиот десктоп или лаптоп компјутер и отворете го прегледувачот.
  2. одете на интернет-локацијата на вашата е-пошта (на пример, https://mail.google.com).
  3. најавете се со адресата на е-пошта (email address) и лозинката (password).
  4. ќе се појави вашето Дојдовно сандаче (Inbox) и со задебелени букви ќе ги видите вашите нови и непрочитани пораки.
  5. користете ја оваа страница за да читате, пишувате, препраќате или одговарате на е-пошта.
Прегледувачот е безбеден начин да читате е-пошта, бидејќи неговите безбедносни функции ги откриваат и спречуваат вирусите, а вашиот компјутер има антивирусна програма (ако имате таква). Исто така, вашата услуга за е-пошта врши претходно скенирање на прилозите, но пред да ги отворите треба да ги скенирате и со антивирусната програма на вашиот компјутер.

Како да бидете безбедни додека користите е-пошта

Постојат неколку мерки на претпазливост што треба да ги имате на ум кога користите е-пошта што ќе го заштитат вашиот компјутер и вас:

  • бришете неочекувана и сомнителна пошта (Delete unexpected or suspicious mail). Измамниците имаат за цел случајни адреси на е-пошта бидејќи е-пораките се праќаат бесплатно.
  • никогаш не откривајте ги лозинките или личните податоци преку е-пошта (Never give passwords or personal details over email). Законските компании и организации никогаш нема да ви ги бараат овие податоци преку е-пошта.
  • користете уникатна силна лозинка (Use a unique strong password). Не користете ја лозинката на вашата е-пошта за друга услуга.
  • користете втора е-пошта (Use a second email). Ова може да ви помогне да го намалите бројот на спам или несакани пораки што ги добивате на главната адреса на е-пошта.
  • отпишете се од билтени (Unsubscribe from newsletters). Некои бизниси ќе ви праќаат билтени преку е-пошта, што може да биде здодевно. Ако не можете да се отпишете, можете да препратите копија од спам-пораката на следната адреса report@submit.spam.acma.gov.au.